Најстудено со десет степени под нулата утрово е на Попова Шапка. Минусни температури во 7.30 часот се измерени во Маврови Анови (-7), Kрушево (-6), Берово (-3), Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола и Прилеп (-2) и Дебар (-1).
Нула степени се измерени во Скопје, Тетово, Штип, Виница, 1 во Демир Капија и Струмица, 2 степена во Дојран и 3 степени во Гевгелија.
Највисока снежна покривка од 75 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка, 69 см во Крушево, 53 во Маврови Анови, 35 во Ѓуриште, 33 во Пожаране, 4 сантиметри снег има во Претор и Битола, 2 во Охрид и Гостивар и 1 см снежна покривка има во Прилеп и Дебар.
Во Крушево има најмногу наврнат воден талог во 24 часа – 18 литри на квадратен метар, 5 во Претор, 4 во Охрид, 3 во Битола, 2 квадратни метра воден талог во Демир Капија, Дебар и 1 во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Струмица и Берово.
За денеска Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира променливо облачно и студено. На планините и на повисоките места во западните и југозападните делови со врнежи од снег, а во југоисточните од дожд и снег. Ќе дува умерен, долж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец и слабо провејување снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.