еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мишел: Македонци вашата земја го прави првиот чекор кон преговори со ЕУ

Македонци, денес вашата земја го прави првиот клучен чекор на патот на преговорите со Европската Унија. Земјата презеде важни реформи и знам дека Македонците се посветени на нашата заедничка иднина во ЕУ, наведе претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во изјавата по повод отворањето на пристапниот процес на С Македонија и Албанија во ЕУ.

– Сфаќам дека патот до оваа точка е долг и предизвикувачки. Како што видов од прва рака, дебатата беше особено интензивна во С Македонија, но на крајот доведе до позитивно гласање во националниот парламент, Собранието, потенцира Мишел.

Тој нагласува дека на патот кон полноправно членство во ЕУ, С Македонија може да смета на неговата целосна поддршка.

– Денес, конечно направивме важни чекори напред во отворањето на пристапните преговори со С Македонија и Албанија. Во Брисел се одржаа меѓувладини конференции на министерско ниво за спроведување на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година за отворање на пристапните преговори. Им честитам на властите и на граѓаните на С Македонија и Албанија за ова долгоочекувано достигнување, потенцира Мишел.

Според претседателот на Европскиот совет, денешното одржување на меѓувладините конференции ја отклучува следната фаза и за Албанија и за С Македонија, бидејќи ќе започне процесот не само на објаснувачки, туку и билатералните скрининг.

– Претстои напорна работа за нашите преговарачи, во Скопје, Тирана и Брисел, во оваа клучна фаза. Во наредните месеци ова ќе изгради солидна основа за отворање на кластерите на преговарачките поглавја.

Паралелно, ЕУ ќе се фокусира на повторно поттикнување на процесот на проширување.

На состанокот на лидерите ЕУ-Западен Балкан и на јунскиот Европски совет, решивме да внесеме нова динамика и нова определба да одиме напред заедно. Дополнително ќе ја унапредиме постепената интеграција на ЕУ и регионот, веќе во текот на процесот на проширување. Западен Балкан припаѓа на ЕУ и ние треба да го оствариме тоа.

Нашата иднина е заедно, а иднината на нашите деца ќе биде попросперитетна и побезбедна додека го унапредуваме нашиот проект за заеднички вредности, додава Мишел во изјавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, тврди Борел

Фон дер Лајен гарантира дека договорот за Фронтекс ќе биде преведен на македонски јазик

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 900 болни од Ковид-19

Редакција

Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит

Редакција

Врвниот светски електронски музичар Метју Џонсон со настап во живо на ПМГ рекордингс фестивал 13

Редакција