еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Млекара Здравје Радово: Предизвиците компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време

Поттикнати од информациите во некои од медиумите во врска со работењето на нашата компанија, би сакале да ја информираме јавноста, нашите верни потрошувачи и соработници, дека Млекара Здравје останува еден од лидерите во млечната индустрија на домашниот пазар, со сериозни активности насочени кон пласман на асортиманот и на меѓународниот пазар, информираат од компанијата.

„Работењето на компанијата е беспрекорно, завршени се инвестициите во новата фабрика во Битола со што е унапреден и производствениот процес, а со тоа и квалитетот на самите производи.

Компанијата има амбициозни планови за во иднина, а императив и понатаму ќе остане понудата на квалитетни млечни производи на пазарот. Децениската традиција и искуство заедно со професионалниот тим на Млекара Здравје, е добитна формула која и понатаму ќе носи значајни признанија за брендот, кој веќе има добиено исклучително важни сертификати од надлежните домашни и меѓународни институции.

Довербата од потрошувачите и понатаму ќе остане финална и најважна потврда за успехот на работењето на Млекара Здравје. Сакаме да изразиме голема благодарност на поддршката која секојдневно ја добиваме од нашите верни потрошувачи и соработници. Сигурни сме дека овие предизвици компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време“, се вели во соопштението на Млекара Здравје Радово.

Фото: Веб-страница на Млекара Здравје Радово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Извршител заплени удел во фирма на Цветан Панделески од 2,6 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прометот во индустријата лани зголемен за 16,8%

Редакција

Намалени приходите и добивката на прилепски „Современ дом“

Редакција

Русија нема дилема: Гоце Делчев е македонски народен херој

Редакција