еМагазин
Image default
Македонија

Мнозинството уставни судии против иницијативата на Митко Чавков за Законот за амнестија

Мнозинството уставни судии во расправата на денешната седница се изјаснија дека не ја поддржуваат иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Иницијативата е поднесена од Митко Чавков, екс министер за внатрешни работи директор на БЈБ.

Уставните судии кои зборуваа за иницијативата сметаат дека нема место за поведување постапка и оти Законот за амнестија треба да остане во правниот поредок.

Судијата известител Владимир Стојановски меѓу другото рече дека Уставниот суд не може да се стави во улога на Парламентот и да определува кого да амнестира.

Законот за амнестија е донесен во 2018 година.

Подносителот на иницијативата Чавков смета дека селективната амнестија ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Уставот.

Уставниот судија Осман Кадриу рече дека ова е 6-ти закон за амнестија донесен од Парламентот.

По дебатата за точките од дневниот ред на денешната седница, уставните судии и формално ќе се изјаснат дали ќе поведат постапка по иницијативата.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 497 болни од Ковид-19

Редакција

Јанакиески доби четири години и шест месеци затвор за „Титаник“, Јанкулоска две години и шест месеци

Редакција

Годинава поведени дисциплински постапки против пет јавни обвинители, еден си поднел оставка

Редакција