еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Москва ќе употреби нуклеарно оружје само ако е загрозена Русија, не поради Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне по нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.

– Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме и ние навистина ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја, посочи Песков.

Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.

Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива. Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори, посочи Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва објави видео како руската војска дели хуманитарна помош во Мариупол

(Видео+фото) Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во Мариупол, тврдат Русите

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: За три дена од Ковид-19 оздравени 225 лица

Редакција

Спасовски со детали за убиството на хрватскиот ракометар: Причината според исказите е недоразбирање на девојката и момчето

Редакција

„Серта“ го доби мултимилионскиот тендер за „чистење“ на објектите на државната управа

Редакција