Последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) при пребројани гласачки ливчиња од 3.434 избирачки места или 97,78 отсто од вкупниот број гласови покажуваат дека Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова водат мртва трка по првиот круг гласање на претседателските избори.
Пендаровски освоил 315.434 гласови или 42,70 отсто од гласовите, а Силјановска Давкова 314.541 глас или 42,58 отсто.
Блерим Река освоил 76.565 гласови или 10,36 отсто.
Гласале вкупно 738.696 граѓани, а излезноста е 42,01 отсто.
Дури 32.164 ливчиња се неважечки или 4,35 отсто.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.