еМагазин
Image default
Македонија

Муцунски до Јанчев: ВМРО ДПМНЕ не е акционерско друштво за да се преземе

Новиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и меѓународен секретар во партијата, Тимчо Муцунски реагираше на својот Фејсбук профил по најавата на поранешниот член на партијата, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, дека ќе го преземе ВМРО-ДПМНЕ.

„За мене терминологијата е многу значајна.

“Преземање” се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување.

За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. “Демократија” и “преземање” се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем.

Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митко Јанчев најавува преземање на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Редакција

Мизрахи на седница ќе ги повика поранешните министри за здравство за случајот на Онкологија

Редакција

Боки 13 поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица, поврзани со „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“

Редакција