еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави за протестот за „Монструм“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Собранието рече дека нема ниту еден настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање.

За протестот од петокот за случајот „Монструм“, рече дека има и кривични и прекршочни пријави и најави дека јавноста ќе биде информирана деновиве.

„Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено, завршено до крај од одделот за насилен криминал и Јавното обвинителство.

Така што, никаде и во ниту еден момент нема состојба во која што не се преземаат дејствија и одредени активности, само се прави една проценка за тоа како и на кој начин да ја сочуваме состојбата на едно задоволително ниво и да не настанат поголеми штети“, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавина од негативни реакции на Твитер за протестот за подршка на обвинетите за случајот „Монструм“

(ВИДЕО) Скандирање УЧК, димни бомби, камења за полицијата и погрдни зборови за Фетаи на протестот за подршка на на обвинетите во „Монструм“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Атанасов си поднесе оставка од пратеничката функција

Редакција

(Фото) Груевски „тера“ бизнис на брод на Дунав

Редакција

Магдалена Несторовска именувана за државна секретарка во МВР

Редакција