Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на повеќето лица кои вчера нападнаа бугарски навивачи во Чаир, кои беа дојдени во Скопје за натпреварот помеѓу скопски Шкупи и софиски Левски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир
-Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18.38 часот е пријавено дека се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави.
Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба, информираа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29-годишен бугарски навивач проподен со нож во скопски Чаир
(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир
(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени