еМагазин
Image default
Локално

МВР расчисти убиство во Кочани: Синот со нож му пресудил на таткото по семејна драма

Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, во содејство со Секторот за општ и насилен криминал, единица за крвни и сексуални деликти при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“, информира МВР.

Пријавениот кривичното дело го извршил на 30.09.2019 околу 05.00 часот во семејниот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите на неговиот татко В.С.(55), кој по кратко време од здобиените повреди починал.

Претходно, Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка Н.С.(46). Д.С. е приведен во Полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за убиството во Кочани: Приведени синовите на починатиот

Убиен маж и тешко повредена жена по семејна расправија во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mонтирале фотографии на девојчиња и ги исмевале: Обвинителство во Кавадарци поведе постапка против малолетници

Редакција

Маж од Прилеп приведен за предизвикување пожар

Редакција

Приведен дилер на дрога во Велес

Редакција