Министерство за внатрешни работи информираше за каменуваниот автобус од Србија кој превезуваше руски туристи.
„На 26 јуни во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет оштетил возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“.
Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ се вели во билтенот на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Каменуван српски автобус и украдени лични предмети на руски туристи во центарот на Скопје