еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за синоќешниот хаос во „Трибека“: Приведени двајца кои во тепачка го кршеле инвентарот на ресторанот

На 20.02.2021 околу 20:15 часот во угостителски објект на бул.„Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(19) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект.

„Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса. Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х..

На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клубот „Аватар“ се пререгистрирал како кафе бар, полицијата му поднесе кривична за непочитување на здравствените прописи

Редакција

Убава вест: 208 оздравени од Ковид-19

Редакција

Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски

Редакција