еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МВР со детали за убиството во струшко: Го испразнил пиштолот во нив откако тргнале на него со секири

На 28.02.2019 околу 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил и неговиот син З.Б.(23), информира МВР.

Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и  В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга.

Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во струшко Поум: Убиено 23-годишно момче, повредено уште едно лице

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 223 болни од Ковид-19

Редакција

Твитер го „подбра“ синот на пратеникот Мисовски: „Чак смо и хистерични“

Редакција

Што велат бугарските дипломати за најавените услови и уцени за македонскиот јазик во преговорите со ЕУ

Редакција