Министерството за внатрешни работи презема стандарди полициски оперативни мерки и активности, коментираат од МВР во врска со обвинувањата кои ги упати поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека зградата во која живее е под опсада.
„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот,“ велат од МВР.
Јанкулоска денеска на нејзиниот фејсбул-профил објави фотографија од полициско возило пред нејзината зрада со коментар дека „нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живее, вознемирување и претресување на соседите.“
„Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството,“ напиша таа.
Јанкулоска треба да одлежи казна затвор за случајот „Тенк“, кој се однесува на продажба на мерцедесот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ