Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирусот на територијата на целата држава.
Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.
„Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алгоритам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не.
По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите,“ рече Филипче.
Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавен е бројот на кол-центарот каде што може да се јавите ако имате симптоми на корона вирусот
Вкупно 114 заболени од корона вирусот: Регистрирано нови 29 од нив 22 во Скопје
Седете дома за да им олесниме: 23.000 здравствени работници се грижат за два милиони народ