еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатот Миланов на јавната седница за Диво насеље: Обвинителството не докажа акт на тероризам

Во Апелацискиот суд во Скопје, со исказ на адвокатите од одбраната, денеска продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље.

На јавната седница присуствуваат само тројца од обвинетите, откако останатите вчера доброволно ја напуштија седницата, која имаше тензичен старт со навреди од обвинетите кон судот.

Судската сала во Врховниот суд, која вчера беше пополнета до последно место и со силно полициско обезбедување, денеска е речиси празна. Во судница се само двајца обвинети, кои во првостепена постапка добија ослободителни пресуди и еден осуден на 12 години затвор, спроведен од куќен притвор, како и голем број адвокати, јавност и новинари.

Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна грешка во оваа постапка е во обвинителството и правната квалификација тероризам.

– Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто неспорен факт е дека ниту како тероризам обвинителството не можеше ова да го докаже. Во Диво насеље полицијата појде да врши претрес по дадени наредби. На тој претрес се пружи отпор. Ова не е акт врз неопределени лица и институции кои не преземаат никакви дејствија. Не можеме тоа да го третираме како тероризам. Не еднаш е извршен оружен отпор на полициски сили, но немало тероризам. Сметам дека обвинителството не докажа акт на тероризам, изјави Миланов.

Посочи дека во текот на постапката се извршени голем број суштествени повреди, но сепак веројатноста да се укине пресудата е во промили.

Претседател на совет е судијката Цветанка Периќ, која на почетокот посочи дека по однос на жалбите најпрво збор ќе има одбраната, а потоа и јавниот обвинител, кој како што нагласи, има жалба само по однос на ослободителниот дел.

Одлуката по жалбите, Апелацискиот судечки совет ја објавува јавно, преку соопштение, неколку дена по завршување на јавната седница.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите тврдат: Диво насеље е сценарио во режија на Али Ахмети и Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Стразбур оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред домашните судови, вели судијката Лазарова-Трајковска

Редакција

Кревети на Катица Јанева и мебел, гардероба и чанти на Боки 13 одат на продажба

Редакција

(Видео) Повторно хаос на Комисијата за европски прашања: Заменичката на Адеми во кавга со две пратенички

Редакција