еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На „Бехтел и Енка“ им фалат работници, колкави се платите?

На американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој гради неколку од делниците на коридорите 8 и 10д им фалат работници.

Само за изградба на делницата Гостивар – Букојчани им требаат 2.000 работници, а на саемите за вработување во Тетово, Гостивар и во Битола, досега пристигнале само 360 апликации.

Вкупно за изградба на четирите делници на конзорциумот ќе му требаат 8.000 работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Бехтел и Енка“ во моментов и требаат 2.000 работници, аплицирале само 360 заинтересирани

Конзорциумот досега со јавноста не споделил податоци за висината на платите, но во април Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување работници, кој траеше до 25 април, а тој дава одредена престава колкави плати се нудат.

Во истиот, на работниците за една смена, 40 часови во неделата, им се нудеше основна плата од 29.866 до 70.052 денари, зависно од работната позиција.

Најплатена позиција на огласот беше помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер, со искуство од најмалку шест години. За оваа позиција беше предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно работно време во прва смена.

За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, кандидатот треба да биде градежен инженер и беше предвидена плата од 65.029 денари.

За координатор на единицата за подготовка на проектот се нудеше месечна нето плата од 60.005 денари, а за оваа позиција потребна е диплома од некој од факултетите за општествени науки.

На огласот се бараа и четворица специјалисти за експропријација на имот. За ова место кандидатите треба да имаат завршено факултет од општествените науки, а за работно време од 40 часа во неделата, им се нудеше основна плата од 45.045 денари.

На огласот се бараа и по еден преведувач и по еден известувач за проектот за плата од 45.045 денари, како и двајца администратори кои може да имаат средно образование, а им се нудеше нето плата од 30.000 денари.

За плата од 30.000 денари се бараа и двајца возачи со најмалку средно образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стартуваа градежните работи на автопатот Прилеп-Битола

На „Бехтел и Енка“ им се префрлени 176 или 179 милиони евра, вели директорот на ЈП за државни патишта

(Видео+фото) Со експлозија „Бехтел и Енка“ ги почна градежните работи на Коридорот 8 

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По референдумот: Русија внимателно ја следи состојбата во Македонија, очекува да се почитува законот

Редакција

Решен е проблемот за петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба

Редакција

Не поднесувам оставка, Собранието ќе одлучи кој ќе биде министер, вели Меџити

Редакција