Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 29. ноември покажуваат дека 69,5% од починатите од Ковид-19 во Македонија биле со претходни заболувања.
“Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.345) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 350,9/100.000 жители.
Регистрирани се 1.131 смртни случаи кај лица од машки и 632 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 1.226 (69,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=937), дијабет (n=437) и белодробна болест (n=196).
Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и дванаесет смртни случаи кај здравствени работници„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
104 лица починале од Ковид-19 надвор од болница
Фото: МЗ