еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најголем рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, втора е СДСМ, Левица четврта: Анкета на ИПИС

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, најмногу испитаници, 20 проценти одговорле ВМРО-ДПМНЕ, 12,9% СДСМ, 6,5% ДУИ, 3,3% Левица, 3%, Граѓанско движење на Максим Димитриевски, 2,6% Алијанса за Албанците, 2,3 % Беса, 1,4% Алтернатива и 0,4% друга партија, покажува телефонската анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Дури 18,3 проценти од испитаниците одговориле дека нема да гласаат за ниту една партија, 14,7% рекле не знам/нема одговор и 14,6% не сакале да кажат.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 година, при што биле опфатени 1.112 полнолетни испитаници по случаен избор.

Податоците, како што информираат од ИПИС, се со статистичка грешка од +/- 3 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дури 40% од граѓаните не веруваат во ниеден политичар, следи Мицкоски, па Ахмети: Анкета на ИПИС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската министерка Петровска во Бугарија, ја пречека бугарскиот колега Заков

Редакција

Судење за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки, судијката повика Брза помош

Редакција

Денеска протест на средношколците и студентите

Редакција