На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информираат од Министерството за здравство.
“Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127
Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 222
Нови 156 случаи на Ковид-19, во Скопје 100
Фото: МЗ