еМагазин
Балкан

На кои места во Грција строго ќе биде забрането пушењето

Во Грција конечно ќе почне да се применува закон кој е донесен уште во 2008 година, а кој се однесува на забрана за пушење на јавни затворени места, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Македонските граѓани кои периодов летуваат или ја посетуваат Грција, треба да бидат внимателни за пушењето во барови, клубови, ресторани, од затворен тип, на аеродром (освен во специјално определени простории за пушачи), но и на такси станици или постојки за јавен превоз.

Да потсетиме и дека во Грција од пред неколку месеци е забрането пушење и во автомобил, ако превезувате деца помали од 12 години.

Забраната која се однесува пред се на грчките граѓани, важи и за пушење во парламентот, судови, полиција, министерства, и други владини и локални институции, но и на спортските арени, детски и едукативни установи.

Законот се врати во фокусот откако новиот грчки министер за здравство Василис Кикилиас потпиша нота за конечно спроведување на законското решение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постигнат договор за личните документи помеѓу Србија и Косово

Редакција

Лани за 84,5% помалку пристигнувања од Македонија во Грција

Редакција

(Видео) Зеленски во Софија жестоко го нападна Радев, бугарскиот претседател ги избрка камерманите

Редакција