еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На менаџментот на Прилепска Пиварница лани исплатени 25.7 милиони денари

Во текот на 2022 година Прилепска Пиварница АД Прилеп има вршено исплата на примања на членовите на Управниот одбор и на членовите на Надзорниот одбор кои ја извршувале функцијата и тоа по основ на исплатена плата и надоместоци од плата во бруто вредности со пресметани и платени законски утврдените даноци и придонеси во целост на лица кои имаат статус на вработени лица, стои во годишниот извештај на компанијата објавен на Македонската берза..

-Така, вкупно како примања на членовите на Управен одбор и членовите на Надзорен одбор во текот на 2022 година исплатен е бруто износ од 25.724.686 денари, велат од компанијата.

Надзорниот одбор од 29.05.2019 година го сочинуваат тројца членови: Александар Чатлески, Методија Самарџиоски и Александар Димитријески.

Независен член на Надзорниот одбор е Александар Димитријески.

Управниот одбор на Прилепска пиварница го сочинуваат седум членови: Сашко Самарџиоски, генерален директор и претседател на Управниот одбор, Панде Самарџиоска, заменик генерален директор, Коста Мијоски, Димитар Тодороски, Јане Ангелески, Владимир Блажески и Катерина Митреска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски телеком ги објави надоместоците и платите на владините преставници во Одборот на директори, Китанов, Дураки, Ангеловска…

На менаџерскиот тим на Пекабеско лани исплатени 105 милиони денари за плата и надоместоци

Колкави плати имале лани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на НО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од грип починал 45-годишен маж од Неготино

Редакција

Нова демократија победник на изборите во Грција, но тешко дека ќе состави влада

Редакција

Во сообраќајката во која загина 17-годишно момче, учествувал и друг автомобил, возачот избегал

Редакција