Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г, 72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш (67г), Куманово (90г) и Струмица (66г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година.
Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Вкупниот број на починати е 6.922.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 245 оздравени од Ковид-19
За 24 часа 395 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ