На 4 февруари, годинава ќе се отвараат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.
Станува збор за повеќегодишна јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Токму овој критериум е една од главните точки на дебатата меѓу македонските граѓани од кои едните се противат на владината политика за задолжително вакцинирање на населението, а другите ја поддржуваат.
Сепак, треба да се знае дека освен цената главен услов за учество на тендерот е за лекот однoсно за вакцините да се приложат соодветни сертификати од надлежните домашни и меѓународни институции.
Последните бројки покажуваат дека во изминатиов период се зголемува бројот на деца што не се вакцинираат што според здравствените власти може да доведе до појава на болести кои веќе биле искоренети.
За да ги принуди граѓаните да ги вакцинираат своите деца Владата им нареди на градинките да не ги примаат невакцинираните деца, а се најавуваат и кривични пријави за родителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Моделот Катарина Ивановска: „Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“
Невакцинираните нема да бидат примени во градинка: Во Скопје за еден ден 488 деца добија МРП вакцина
Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници