Осомничениот за железничката несреќа, 59-годишниот шеф на железничката станица во Лариса, во чија близина се случи трагичната несреќа во Грција, сега веќе обвинет, доби притвор.
Тој се соочува со повеќе обвиненија за попречување на транспортот и загрозување на животи.
Обвинението потенцијално носи доживотна казна затвор.
„Околу 20 проколнати минути тој беше одговорен за безбедноста на цела централна Грција“, изјави неговиот адвокат Стефанос Панцарцидис, пренесуваат грчките медиуми.
Панцарцидис претходно изјави дека неговиот клиент е уништен и дека ја презел одговорноста „пропорционална на него“, но и дека други фактори биле во игра, без да даде детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Земски ангел“: Дваесетгодишен студент спасил дестина млади луѓе во железничката несреќа во Грција
Фото: Твитер