еМагазин
Image default
Локално

На „Тиквешки гроздобер“ испиени 25 илјади литри вино, на последната вечер Кавадарци го посетиле 65 илјади лица

Над 65 илјади посетители го посетија Кавадарци само во последната вечер од „Тиквешки гроздобер“. На годинашнава тридневна манифестација беа испиени 25 илјади литри вино, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Се обидуваме со сите сили да работиме напорно и да постигнуваме резултати во сите сфери на општеството. На мое огромно задоволство, од година во година манифестацијата е се подобра и попосетена.

Безбедноста на сите беше на високо ниво, немаше ниту еден инцидент. Се славеше, се наздравуваше со чаша вино. Кавадарци се движи кон европските стандарди за организирање на манифестации, нагласи градоначалникот Јанчев, изразувајќи благодарност до сите поддржувачи на настанот.

Последниот ден од гроздоберот за забавата беше задолжен Здравко Чолиќ, а Кавадарци забележа рекордна посетеност.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца

Редакција

МВР поднесе кривична пријава против двајца рекетари од Охрид

Редакција

Старец загина во пожар во куќа во село Конче

Редакција