еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На возраст од 30-39 и над 60 години најмногу од новозаболените со коронавирусот во Македонија

Според податоците објавени вчера, во Македонија се регистрирани 26 нови случаи на заболени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 408 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 26.

Потврдените случаи се од 8 градови, а за прв пат е регистриран случај во Виница.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 8 во возрасните групи од 30-39 и над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 13 женски и машки лица.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 13 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе се жени: 44,5 години просечна возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

222 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот, 37 оздравени

Хоспитализирани биле/се само 21,3% од заболените од коронавирусот во Македонија

Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања

Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес

Редакција

Јавно претпријатие за државни патишта се огласи за ангажманот на работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

Поднесено обвинение против екс-сопственичката на „Диамед“: Како милиони евра завршиле во банка во Монако?

Редакција