еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Национален рекорд: На 100.000 жители, 218 заболени со коронавирусот во Куманово

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот во Македонија која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а еМагазин секојдневно ја пренесува, заклучно 16. април, повторно покажа нов раст на кумулативната инциденца во Куманово, моментално национален рекорд.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

Имајќи го во предвид овој параметар, ситуацијата станува сериозна и во Прилеп.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 218,0 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители е 183,8, а во Прилеп е 108,1/100.000 жители.

Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје“, стои во анализата на ИЈЗ.

До 14. април, таа во Куманово беше 183,6, до 13. април, 165,4, до 12. април, 147,9, до 11. април, 140, 2, до 10. април, 127,6, до 9. април, 117,7, до 8. април,100,2, до 7. април, 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Македонија излекувани 139 заразени со коронавирусот, 13 се здравствени работници

Кај тројцата новопочинати од коронавирусот евидентирана хронична и здравствени состојби

Најголем дел на возраст од 30 до 39 години, повеќе жени, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Фото: Општина Куманово/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг: Нападот на Русија на Украина е сериозно кршење на меѓународното право

Редакција

Нови 166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Македонски брачен пар во Брисел за личното искуство со Ковид-19: Вирусот постои, брзо се шири и има штетни последици

Редакција