Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 17 до 23 мај, покажуваат дека се тестирани вкупно 20.298 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 21,0% во однос на минатата недела.
“Регистрирани сe 369 нови позитивни случаи од 27 градови во државата со намалување од 45,3% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 0,5% до 3,1%, просечно 1,8%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=182; 49,3%), со неделна инциденца – 29,5/100.000.
Највисока неделна инциденца од 73,2/100.000 е регистрирана во Кратово“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
43,1% помалку смртни случаи од Ковид-19 во однос на минатата недела
Фото: МЗ