еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Ќе се ослободат 130 милиони евра за поголема кредитна поддршка од банките

Народната банка соопшти дека денес ќе се одржи аукцијата на којашто понудата на благајнички записи е за 8 милијарди денари помала во споредба со аукцијата спроведена во март.

„Ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

Преземањето на ваквиот чекор од страна на Народната банка следува по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со коишто се ослободува дополнителна ликвидност и му се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата.

Обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот од пандемијата на ковид-19 и мерките коишто се преземаат за справување со него“, соопшти Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Топ пет најпрофитабилни компании на берзата: Трите големи банки убедливо на врвот

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во март зголемен бројот на туристи за 14.9%

Редакција

Почеток на сопствен бизнис во услови на економска криза? Lyconet мрежата нуди можност за почеток на сопствена кариера без никакви вложувања

Редакција

Затворени осум угостителски објекти поради непочитување на ковид-протоколите

Редакција