еМагазин
Image default
Македонија

Наставниците од прво и четврто одделение ќе се обучуваат за новите наставни програми

Летниот период ќе биде искористен за обука на наставниот кадар во прво и во четврто одделение, во кои од есен ќе почне да се спроведува новата Концепција за основно образование, а Бирото за развој на образованието работи на подготовка на нови наставни програми, информираат од Министерство за образование и наука (МОН).

Во моментов програмите се во изработка, за прво одделение ќе бидат наскоро, а за четврто за околу три недели, по што ќе се подготвуваат модули за обука на наставниот кадар.

– Обуката за обучувачи ќе биде на крајот на април, во мај прв модул, во јуни втор модул и во август трето видување за конечни инструкции и влегуваме во настава. Нема да биде совршено, но ќе учиме од секој нов ден. Важен е ентузијазмот на наставниците и нивната посветеност, изјави министерката Мила Царовска за Македонската радио-телевизија.

Таа повтори дека наставниците не треба да се грижат дека некој ќе остане без работа. Нивниот статус е на неопределено време и никој не може, како што рече, „да ги промени кога сака или да ги третира како подобни и неподобни“.

– Дополнително, нема да се смета колку наставни часови имаат, туку колку часа се во училиште, за да добијат учениците освен задолжителни и воннаставни и изборни предмети. Проактивните наставници ќе можат да заработат повеќе, додаде Царовска.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент

Редакција

Изречени 704 казни за неносење маска

Редакција

Отворени се ковид центрите на Клиниката на нефрологија, гастроентерохепатологија, очни болести и за уво нос и грло

Редакција