еМагазин
Image default
Бизнис

НБРМ: Решението кое што се споделува на социјалните мрежи, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“

Со цел правилно информирање на јавноста во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, од Народна банка повторно укажуваат дека дозволата е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

„Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал,“ се вели во соопштението на НБРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

Сите детали: Народната банка го објави решението за затворање на Еуростандард банка

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Паркови и зеленило“ за набавка на две возила вреден 22.000 евра

Редакција

Македонските текстилни компании нудат сеопфатни услуги, велат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија

Редакција