еМагазин
Image default
Македонија

Не бил вакциниран: По три месеци во Велес прв случај на починат од Ковид-19

На Инфективното одделение при велешката Општа болница денеска е починат пациент на 65-годишна возраст од Велес, позитивен на Ковид-19, информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница.

Тој не бил вакциниран против Ковид-19.

Инаку, последен починат од Ковид-19 во велешката болница е регистриран на 16 мај, пред скоро три месеци информира д-р Јованова.

Денеска на Инфективно одделение во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани се тројца пациенти, за кои е потврдено дека се позитивни.

На кислородна поддршка е еден пациент. Вчера беа хоспитализирани пет лица, од кои двајца на кислородна поддршка.

Испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест, информира д-р Јованова.

Според Министертвото за здравство, во Велес и велешко во изминатите 24 часа се региструрани четири новозаболени, а моментално активни на болеста се 21 лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 починаа 8 лица

Нов раст: 588 нови случаи на Ковид-19 од 5.780 тестирања

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишното момче од Скопје кое почина од Ковид-19 имало претходно заболување

Редакција

Пратеник на владејачката „Вреди“ вели дека Македонија не треба да постои како држава ако не ги усвои уставните измени

Редакција

Починаа пет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 505

Редакција