Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија.
„Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Францускиот предлог“ не е конечен, од три прашања зависи дали Македонија ќе каже „да„ или „не„
Фото: МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.