И „бомбите“ не се веќе тоа што беа, па такви се и реакциите во јавноста по објавувањето на новите.
Граѓаните имаат куп свои проблеми, кои се зголемија со пандемијата со корона вирусот, па и за очекување е да не бидат заинтересирани за овие евтини трикови на политичарите.
И така одамна сите веќе знаеме кој е кој во македонската политика. Не ни требаат „бомби“ за тоа.
Аудио снимките, или популарно наречени “бомби“ во Македонија веќе со години се главното орудие за политички, но и бизнис пресметки.
Се започна во 2015 година кога истите почна да ги објавува тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев, а по него се појави плејада на други “објавувачи“ или народски кажано „бомби„ „пука„ кој ќе стигне.
Тоа што кој ќе стигне објавува „бомби“ доволно покажува колку се ерозирани македонските институции, кои треба да го спречат овој тренд, кој и носи сериозна штета на државата, но и дека материјали стекнати на нелегален начин со прислушување на телефонски разговори или на друг начин поседуваат многу различни структури, кои без проблем за свои цели, а не за доброто на граѓаните, истите ќе ги објавуваат и во иднина.
Така да нема биде никакво изненадување, посебно сега пред избори да се појават и нови „објавувачи“ и да слушаме нови и нови “бомби“. Се е веќе видено.
Најголемиот проблем е што никој не одговара за тоа што го слушаме во „бомбите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русковска по објавата на „бомбите„: Димишков не беше обвинет бидејќи немаше докази
„Пукнаа“ две предизборни „бомби“ поврзани со „Рекет“