еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Неделава температури над 40 степени, ќе се активира портокалово и црвено ниво на опасност

Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека од утре во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни темератури за овој период од годината. Температурата во повеќе места ќе биде над 35 степени.

Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе надмине 40 степени и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Утре темепратурата ќе се движи од 32 до 40 степени, во четврток и петок од 34 до 41 степени, сабота од 33 до 40 степени, недела од 32 до 39 и во недела од 31 до 38 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Скопје конечно новогодишно накитено

Редакција

До 11 часот излезноста 12,78%

Редакција

(ВИДЕО) Како ќе изгледа новиот мост помеѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

Редакција