И Миле Зечевиќ сака да се кандидира за нов претседател на СДСМ.
Тој во емисијата “24 анализа“ на ТВ 24 рече дека се смета за најдобар кандидат за внатрепатриските односи и за зачувување на стабилноста на партијата.
– Не сум заинтересиран за премиерската позиција. Без Заев на таа позиција не може да го внесеме инпутот внатре да ја реорганизираме целата партија и затоа е потребно стабилно мнозинство, рече Зечевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Миле Зечевиќ, кој влезе во НО на Стопанска банка Битола и го советува Заев
Рече и дека кандидатот за лидер на партијата, Димитар Ковачевски му е партиски другар и не може да му најде замерка во партиската активност.
– Повеќе се има посветено на бизнисот и делот во стопанството. Јас сум бил активен во партијата и во рамките на организацијата.
Сметам дека ова ми е мотив да се вклучам во процесот и на партијата и треба силна внатрешна реорганизација. Не ги знам личните мотиви на Заев зошто го одбрал Ковачевски, но не значи дека тоа е став и на СДСМ, рече Зечевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?
И Фросина Ременски влегува во „трка“ за претседател на СДСМ
Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ
Фото: ТВ 24