еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема криза за вработувања по министерства и институции

Кон крајот на месецов се објавени огласи за стотици вработувања во министерства и институции, во време на тешка криза.

Па така, Управата за јавни приходи (УЈП) вработува 100 службеници, Фондот за здравствено осигурување 33 службеници, Собранието 22 службеници, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците 17 службеници, Министерството за надворешни работи 6 службеници, Владата 4 службеници, Министерството за труд и социјална политика 9 службеници…

Од УЈП за „Слободен печат“ велат дека причината за толкавиот обем на нови вработувања е фактот што во пензија им заминале 124 службеници и дека се било според годишниот план на институцијата.

Порталот Факултети, кој ги објавува сите огласи за вработувања во министерствата и институциите, пак пресмета дека во моментов има огласи за вработувања за над 250 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработува 17 службеници

Собранието вработува 22 службеници

УЈП вработува 100 службеници

Фондот за здравствено осигурување вработува 33 службеници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се укина возот од Скопје до Солун

Редакција

Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10.000.000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари

Редакција

(Фото) Струга забрани шетање низ градот во бикини и костуми за капење, поставени се и предупредувачки знаци

Редакција