еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нема положување на светиот крст годинава: Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век.

На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ретка снимка: Прослава на Водици пред еден век во Битола

Годинава за првпат, поради пандемијата со Ковид-19, ќе биде прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води. Наместо тоа, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера апелираше до граѓаните и до верските заедници да ги почитуваат мерките и препораките. Полицијата, како што рече, ќе биде на висина на задачата, а оној кој нема да ги почитува препораките, ќе сноси одговорност.

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

До минатата година, празникот се одбележуваше во сите епархии во земјава, а централната манифестација се одржуваше во Скопје каде поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан го положуваше светиот крст во водите на реката Вардар.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија отвара сопствена истрага за „провокацијата“ од Украина за Буча

Редакција

Министерство за труд и социјална политика вработува 10 службеници

Редакција

Сите детали: За кого не важи полицискиот час и кога ќе се шетаат милениците

Редакција