Двајцата вработени во општинско претпријатие од Благоевград и нивните сопруги кои го демолираа македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ се пуштени од притвор без поднесена пријава, објавија бугарските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една од жените е Људмила Костадинова, поранешен кандидат за градоначалник.
Таа во разговор за бугарска „Нова ТВ“ изјави дека вандалскиот чин бил нејзина инцијатива.
„Јас сум иницијатор за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Ја покажавме нашата длабока огорченост и незадоволство од случувањата на бугарско-македонската граница. Нашата држава беше понижена од РСМ“, изјави таа
Општинските службеници Станислав Илиев и Николај Иванов велат дека го делат мислењето на Костадинова и дека учествувале во чинот.
„Требаше да се покаже дека се уште има будни Бугари кои се заинтересирани за нашата земја“, изјави Иванов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој во Бугарија не го осуди демолирањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“
Фото: ОМО-Илинден Пирин