На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај, информираа вчера од Министерството за здравство.
Детали за починатиот соопштија и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Кај починатиот биле присутни симптоми и бил хоспитализиран.
Немал коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), историја на патување и контакт со веќе потврден случај во државата„, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
Со ова, бројката на починати од вирусот во Македонија изнесува 91.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 241 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот, излекувани 203
Ќе станат ли Велес и Тетово нови жаришта на коронавирусот?
Повеќе жени, 10 лица хоспитализирани, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија
Фото: Кабинет на претседателот