еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немало никаков предлог за конзул во Њујорк на затворена седница, тврди Груби

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска изјави дека нема никаква одлука и Владата нема именувано генерален конзул во Њујорк.

– Нема никаква одлука, не е точна информацијата. Значи нема именувано генерален конзул во Њујорк, и си продолжува генералниот конзул којшто е досега на задача во Њујорк. Така да, нема ништо вистина во тоа, рече Груби.

На новинарското прашање дали може да потврди дека предлогот за генерален конзул за САД кој беше предложен пред два дена денеска на затворена седница е повлечен, Груби рече дека е погрешна информацијата и ги упати новинарите на денешното објавено соопштение на Министерството за надворешни работи во врска со ова прашање.

– Не, грешка ви е информацијата. Значи, имате информација од МНР, си продолжува генералниот конзул којшто е именуван, не знам ни кое е лицето да ви кажам искрено коешто си ја врши работата, и ќе си продолжи да си ја врши работата и понатаму, рече Груби.

Претходно денеска Министерството за надворешни работи излезе со реакција во врска со објавите за испраќање конзул во Њујорк, во која велат дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев.

–Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР.

Од МНР потенцираат дека Панев е дипломат од кариера, кој е избран согласно сите законски прописи, а во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР се огласи: Македонија има конзул во Тотова, САД, засега не е предвидена негова замена

Од Владата ниту потврдуваат, ниту демантираат дека телевизиска презентерка е назначена за конзул во Њујорк

28 годишна телевизиска презентерка предлог на Владата за генерален конзул во Њујорк

МИА/Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амир Шабани стана директор на Фондот за осигурување на депозити, Агим Муртезани на УХМР

Редакција

За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент

Редакција

(Фото) Во Собранието изгласани новите министри

Редакција