Дури 938 државни административци вработени според Рамковниот договор, ќе продолжат да си седат дома, а ние, граѓаните, ќе им даваме плата.
Бројката за ТВ 21 ја потврди вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку.
Она што е поразително е дека тие седат дома веќе една деценија, а власта се уште не нашла начин, кога веќе ги вработила да им даде и работа.
Уште попразително е што нивната бројка изминативе години беше уште поголема, а имаше и случаеви кога на истите им беше најдена работа, но тие ја одбиваа оти не ја бендисувале.
Овој феномен доволно зборува колку нормална е државата Македонија и на каков начин се трошат тешко заработените пари на граѓаните, а се со цел да бидат задоволени апетите на партиите и нивните партиски војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ