Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубљи за испорака на гас од април.
„Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубљи. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април“, нагласи Путин во телевизиска изјава.
Тој додаде дека дека додколку нема уплати тоа ќе предизвика „стопирање на постоечките договори“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонија е на списокот на Русија на листата на непријателски земји
МИА/Фото: РТ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.