Функционерот на ДУИ, Артан Груби во новата влада треба да биде „прв вицепремиер“, функција која не ја познаваат македонските закони и министер за политички систем.
Информацијата предизвика лавина од различни реакции во јавноста, а се уште виси дилемата какви надлежности всушност ќе има Груби како „прв вицепремиер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата влада.
Какво образование има
Артан Груби е роден во Скопје на 7 јуни 1977 година.
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Дипломирал на Правниот факултет “Јустиниjан Први” со што се стекнал со звањето дипломиран новинар.
Завршил постдипломски студии на Правниот факултет на отсекот новинарство, при Универзитетот „Кирил и Методиј“ и се стекнал со звање Магистер по медиуми и комуникации.
Искуство во невладин сектор
Груби има четиринаесет годишно искуство со меѓународни организации во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Холандија и Косово при Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, НАТО, Хашкиот трибунал и американски агенции за помош со разни оперативни задачи.
Тој е исто така е основач на невладината организација „Разбуди се!“.
Зборува англиски јазик, а има познавање и на француски и холандски јазик, стои во неговата биографија.
Политичка кариера
Како пратеник на ДУИ вршел различни активности во македонското Собрание.
Бил член на Комитетот за односи меѓу заедниците, Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за европски прашања, каде бил и претседател, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за надворешна политика, каде бил заменик-член, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, каде бил заменик-член…
Како пратеник бил потпреседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, претседател на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на САД, член на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток, Ирска, Турција, Украина, Холандија….
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи
Која е Јагода Шахпаска која доаѓа на местото на Мила Царовска
Војникот што стана политичар: Кој е Талат Џафери, старо-новиот претседател на Собранието?
Фото: Фејсбук/Груби