еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Никакво затоплување на повидок: Денеска попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно, а од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

35 Авганистанци кои привремено престојуваа во Македонија заминаа за Грција

Редакција

Нови 323 случаи на Ковид-19 од 2.928 тестирања, бројот на активни e 12.754

Редакција

„Ќе беше добро ова да беше сценарио за филм, но за жал ова е реалност“, рече обвинителката Ристоска во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“

Редакција