Со реакција на Фејсбук по ставањето на кадарот на ДУИ и градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, на црната листа на САД, се огласи и поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска.
-Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на политичките партии, јавниот обвинител и судовите.
Дури и најнадежната институција ДКСК има предмети што подолго се во фиока.
Тоа е спрегата што не турка во жив песок.
Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент туку редовна појава.
Заради тоа денес граѓаните, пред чии очи се разграбува државата последниве две децении, со огромна скепса гледаат на т.н. црна листа која „ги поместува“ работите на симболично ниво, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се освен Мерко е на црната листа на САД
Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа
Фото: Фејсбук/Куновска