еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов национален рекорд: Во Куманово 260 заболени од коронавирусот на 100.000 жители

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот во Македонија која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а еМагазин секојдневно ја пренесува, покажува константен раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 260 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (147,9/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани“, стои во анализата на ИЈЗ, заклучно до 25. април.

Заклучно до 22. април, кумулативна инциденца во Куманово беше 247, 4, а во Прилеп 137,4.

Според податоците на ИЈЗ до 21. април, таа во Куманово беше 239,7, а во Прилеп 132,2.

Во Дебар останува непроменета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 227: Само 1 новозаболен здравствен работник со коронавирусот во Македонија

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените од Ковид-19 во Македонија

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Повеќе мажи, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Еве како изгледа ситуацијата по градови:

Фото: Општина Куманово/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија покажува мускули на темата Македонија, вели деканот на бугарскиот Факултет за словенска филологија

Редакција

Измените на Кривичниот законик пречка за борбата против корупцијата во Македонија, земјата рангирана на 76. место на листата на „Транспаренси интернешнл“

Редакција

Нови 124 случаи на Ковид-19 од 1.798 тестови

Редакција