Објавен е нацрт-предлог законот за Специјалното јавно обвинителство со кој меѓу другото се предвидуваат измени во надлежности на овој орган.
Во иднина Специјалниот јавен обвинител осван случаите кои произлегоа од прислушуваните разговори ќе биде овластен и надлежен да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот на РМ, избрани или именувани функционери во и од Собранието на РМ, во и од Владата на РМ, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.
Исто така, СЈО ќе може да гони и одговорни лица во политички партии против: изборите и гласањето од Глава шеснаесетта на Кривичниот законик, животната средина и природата од Глава дваесет и втора од Кривичниот законик, културното наследство и природните реткости од Глава дваесет и четврта од Кривичниот законик, јавни финансии, платен промет и стопанство од глава дваесет и петта од Кривичниот законик, државата од глава дваесет и осма, вооружените сили од глава дваесет и девета, службената должност од глава триесет од Кривичниот законик, јавниот ред од глава триесет и три од Кривичниот законик и кривично дело Неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица од член 42 од Законот за заштита на сведоци и кривично дело Давање на лажен исказ од член 367 став 3 и 4 од КЗ, Спречување на докажување од член 368, Незаконито влијание на сведоци од член 368 –а од КЗ, Присилба према правосуден работник од член 375, Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 од КЗ, ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.