Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Меѓу најголемите должници на листата се и голем број јавни претпријатија. Така, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патита должи 242 милиони денари, ЈП Комуналец – Гостивар должи 213 милиони денари, ЈП Комуналец Тетово должи 132 милиони денари, ЈП Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Македонска радиотелевизија должи 15 милиони денари…
Целата листа должници ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на бизнисмени и фирми на новата листа должници на УЈП
ТЕ-ТО со долг од 20 милиони евра убедливо на врвот на листата должници на УЈП
Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми „набилдале“ долгови од 162 милиони евра